Поезија

Копачите

Се к’ти ноќта црна!
Се рути карпа мрак!
И петли в село пеат
и зората се сори
над карпа в крв се пие
и темнината пие
силно
светнал
ден!

Прободете се морни
копачи и копачки
на трудот
црн
народ!

Со мотика на рамо
за кора сува леб,
по патишта стрмни,
по полиња рамни,
у вивналов ден
да тргнеме и ние
страдалници од век!

На деда Богомил
земјата ровка, мека
набабрена за род,
со страдна душа чека,
ударите ни јаки
со мотиките отри
по проскот
пелин
играт!

На работа!
На труд!

Да прокопаме меко,
полињата родни,
афион, тутун, житце
да родат благородни.
И по покривите води
да пропуштиме води
за оризите млади
и зелени ливади.

На работа!
На труд!
Да роди род богат!
Да бликне живот млад!
На пепел троскот, пелин
во огнот пласмен јад!
Жителите да пуштаат
корења длабоко,
плодови да бликаат,
високо, високо
слободно
на воздух!

Ораме со рало
на земјата ни златна
колку е богата!

На пепел проскот, пелен!
Во оган пламен јад!
Да престане, да снема
тагата голема
за голиот живот
на човекот
стана
скот.

И во таја мугра пресна
да екне дружна песна
на дружните удари
та бијат сред млади
и растат силво в гради
пребликнати со јад!
Од сички маки тешки
не видовме бел ден,
а од солзи тешки
не станува меден
нашиот живот!

На работа!
На труд!
Та не сме саде ние
та не сме саде тука
ние сме по цел свет
безбројни,
милиони
на трудот
црн
народ!

Да биде честит денот
и првата ни стапка
у првиот ни век!
Ќе мине силен ек
ќе б’сне сонце златно
по секаде на светот
ќе згасне срамно гнетот
ќе л’сне живот нов.

 И реки ќе потечат,
и бреме ке одвлечат
на вековата смрт!
Реките од живи
и пробудени сили
на копачи
копачки
и страдно
голи
гладни
по целата земја!

Се к’ти ноќта црна!
Се рупи карпа мрак!
И петли в село пеат
и зората се зори
над карпа в кв се мие
и темнината пие
силно светнал ден!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s