Секој човек свесно или несвесно во себе крие некоја одредена љубомора. 

Самото име што се изговара “љубомора” претставува нешто лошо и негативно за секој човек. Таа постепено те заразува и полека го уништува човечкиот разум и неговото мислење за самиот себе и за околината околу себе. Еданш и јас бев сведок на една таква непотребна искажена љубомора. Еднаш со другарите и другарките отидовме на прошетка, а никој од нас не забалежи дека една од другарките со себе носеше мал нож. Кога стиггнавме на големата полјана, седнавме и почнавме да разговараме и да се шалиме. Така јас на другарка ми и реков дека нејзината коса е многу убава и долга, додека на другата другарка дека нејзината коса е прекратка. Тогаш таа се налути и без да ја зебележиме го извади ножот и и ја исече косата на својата другарка. Сите вчудовидено гледавме и молчиме, а таа почна на цел глас ва вика дека сега нејзината коса е најубаваи почна да се смее. Дотогаш не бев видел некој во себе да крие толку љубомора и да наштети некому.

Затоа секој треба да вномава како се изразува и наместо со љубомора, својот став да го измени на нешто убаво и корисно, за да биде горд на самиот себе, па и другите да се гордеат со него. 

Детството е кутија исполнета со многу желби и посакувања кои честопати се помеѓу границата на фантазијата и реалноста.

Сон и желба за секое дете каде и да е во светот му е како пево да живее слободно, да има топол дом исполнет со љубов и разбирање на сите тие желби со отворено срце му ги посакува на секое дете во светот. Би сакал овие мои соништа да се реалност и секое дете да живее безгрижно и среќно. Детството претставува нешто најчисто и највистинито кое ке го почуствува детското срце. Тоа мало срце не треба и не смее да знае за тага, за глад, за жед, за кавга и за многу други работи кои се случуваат. Секој детски живот треба да биде исполнет со радост и смеа со игра и песна, за безброј соништа во кои невозможното станува возможно и вистинито. 

Секое дете без разлика дали е црно или бело, гладно или нахрането треба да живее во топол дом и за секое дете да има безброј исполнети и9 неисполнети желби  и фантазии во некое свое посебно катче како што е детскиот живот и детскиот недопирлив свет.

Гоце Делчев

Posted: Декември 6, 2011 in Uncategorized

Гоце делчев е роден на 4 фебруари 1872 година во Кукуш, Егејска Македонија. Тој бил првото машко дете, трето по ред во фамилијата Делчеви. Татко му се викал Никола, а мајка му Султана кои имале своја мала меана, па кога се родил Гоце, тој бил првиот миленик на својот татко. Гоце уште како мал бил многу палаво и храбро дете, уште во своите мали години играл борба со децата од маалата против турските деца. Во 1879 до 1890 година почнува да го посетува гимназијалното училиште во Кукуш. По завршувањето на средното образование во “Св. Кирил и Методиј” Гоце се запишал во воено училиште во Софија во 1891 година. Кога го завршува образованието Гоце полека се подготвувал за воња против турската војска. Така на 19 јануари 1903 година тој како главен окупатор на својата чета тргнува за Македонија. На 19-20 април истата годоина тој пристигнал во солунската бугарска машка гимназиј. Тој често се стрќавал со Даме Груев и со други војводи. Тој пристигнл во селото Баница и таму останал со својата чета. Во раните зори на 4 мај 1903 година Гоце Делчев со својата чета се нападнати од турскиот аскер.

Љубов

Posted: Декември 6, 2011 in Uncategorized

         Љубовта ја облагородува и оплеменува човечката душа. Љубовта е најсилното, најмоќното и најискреното чувство без кое немозе да се живее. Се раѓаме со љубов, живееме окупирани со љубов, даруваме љубов и се бориме за возвратена љубов.

Да се сподели љубов со најблиските е радост и среќа, мелем за човечката душа. Таа не води низ животот, ја облагородува и оплеменува душата и го збогатува сецето. Возвратената љубов ни дава желба и поттик за живет, додека невозвратената љубов носи разочарување и тага. Љубовта не избира сретства и методи за да се искаже. Испишани се илјадници страници песни, испеани милиони стихови за љубовта. За неа не постојат граници вера и националност. Љубовта кон татковината, природата, животните, блиските не меже да се измери, ниту пак да се сподели со било што. Таа е неизмерна, величенствена, длабока и неунуштлива. Љубовта е п, со љубовта се грижиме за блиските, зар постои поголема цена на љубовта? есна на душата која се слуша надалеку како мрамур излеана води кон морската шир. Без љубовта човекот е изгубен во патиштата на животот. Со љубов ние постоиме, таа не води кон посреќна и поубава иднина. Љубовта е песна на раѓањето, животот и смртта која ја компонира и слуша само срцето. Честопати љубовта е драма во три чина: започнува со поглед, продолжува со бакнеж, а заврчува со солзи. Човечката душа ке биде оплеменета и облагородена кога љубовта ке биде вечна и искрена. Сакам светлината на денот да биде исполнета со љубов, срцето да ја топли љубовт, а навечер ѕвездите да сјаат од љубов. Љубовта ја создава топлината во душата и се бори со злото, таа ја прави душата неуморна и безсмртна. Љубовта неумита и тогаш кога човечката душа заминува во неповрат. За љубовта зборуваме со саканите и тогаш кога не се меѓу живите,кога се далеку и тогаш кога неможат да не чујат.

          Стотици луге ја бараат среќата, илјадници убавината, милиони радоста, но сите ја бараме љубовта. Таа е ѕвезда водилка низ животот и тогаш кога душата умира љубовта само тагува. Со љубов се бориме за животните цели, со љубовта се грижиме за блиските, зар постои поголема цена на љубовта? За љубовта се воделе воњи, за љубовта гинеле, за љубовта се живее!!!

 

 

Многупати сум се запрашал зошто во денешно време се повеќе фолклорот се заборава. Можеби е така бидејќи во ова денешно современо време се повеќе е застапена електронската комуникација преку социјалните мрежи.

Фолклорот е традиција од нашите претци која со љубов треба да ја пренесуваме на нашите идни поколенија. Честопати кога некој ќе направи нешто поврзано со традицијата, некои лиѓе велат дека тие се стари обичаи и зошто токму денес во ова време да правиме како порао кога има се. ние мислиме дека музиката, песната, ората и народната носија се фолклор, но не е така. Во фолклорот спаѓаат и везот, преданија, легенди, народни инструменти и многу друго. За жал во нашата држава не е многу развиен фолклорот, но имаме многу носии, ора, традиции и везови кои можеме со љубов да ги извршуваме во денешно време. Во нашата држава една од најпознатите вакви традиции е Галичката свадба. Таа се одржува еднаш годишно во селото Галичник. Во неа се објаснува за традицијата во минатото на нашиот народ и е поим за денешниот и идниот народ дека не е се така луксузно како што си замислуваме ние. Да се учествува и да се биде дел од Галичката свадба е чест и задоволство за душата на некој човек.

Ова е чудо кое ја оплеменува човечката душа и е радост за секој човек кој верува и го негува фолклорот во нашиот живот, да не бил фолклорот денешното време немше да биде вакво бидејки фолклорот е мајка на мудроста.

Каде е единствениот човек кој е задоволен од себе? Сите нешто бараат, на сите нешто им недостига, сите за нешто се борат и бараат начин да си ги решат сопствените проблеми.
Честопати многу луѓе забораваат на она што човекот го прави човек, по што се разликува од другите живи суштества на земјава, забораваат на тоа како треба да се однесуваат. Доброто однесување е голема доблест за оние што го поседуваат, и тоа на човекот може да му значи во животот повеќе и од што може да замисли. Треба добро да се однесуваме кон се што не опкружува, но прво место со целиот наш живот треба да покажуваме почит кон нашите родители, кон постарите и кон целата фамилија. За еден човек да има добро однесување во себе треба да има хуманост, почит и добро да биде воспитан. Доброто однесување секогаш не води напред кон поубавото и подоброто во животот. Затоа што овој живот може да биде најголема благодет, најубав подарок на оној што знае да размислува, сака да живее и добро да се однесува, а најголема казна за оној што не знае да живее и има лошо однесување.
Доброто однесување е слика на нашето минато, но клуч на нашата иднина

Дојде пролетта. Неочекувано како брзи прсти на пијана во некаков заносен дурски потег ги развесели јаворите и нејзиниот опиум го расеа по градот. Убав прекрасен ден, почеток на пролетта, пролет секогаш различна, пролет секогаш убава, нацмеана, разиграна, надеж голема, надеж во секој човек, ден кога почнуваат да му се случуваат убавите нешта во животот и љубовта.

Едно прекрасно пролетно утро се разбудив од зуењето на пчелите кои со нетрпение чекаат да дојде пролед и да се пиштат да соберат мед од прекрасните цвеќиња. Кога погледнав низ прозорецот, златната и убава пролетвеќе беше долетена во нашиот крај.Пролетта е едно од најубавите годишни времиња. Сите ја чекаат со нетрпение, бидејки во пролет секое утро започнува со изгревањето на сонцето, со црцорот на птиците, мирисот на прекрасните цвеќиња и расцутените дрвја. Пролетта секој ја доживува на различен начин. Секое жбунче разцветува, секое дрвце разпупува. Како магија да се случува, кога пролетта ни се приклучува. Зимската руба кога ја преслекува, значи природата во пролед претекува. Ова душата им ја лекува. Кога природата шарено се облекува.

Прекрасно пролетно утро на убавата пролет.

Македонија во минатото била земја во која се случувале многу нешта. Во минатото во оваа наша земја се случувале многу нештаза кои луѓето раскажуваат со години и години. Македонија во минатото била земја во која народот живеал во тешки услови.

Македонија е земја на непокорот затоа што многу соседни земји кои биле едноставно појаки и самостојни ја поразиле Македонија. Откако загинал Филип II, неговиот син Александар III со помош на војската ја ослободил Македонија, која денес е самостојна и современа држава. За време на Александар III имало многу воњи на кои тој ѓи поразувал другите војски и држави. Ја освоил Грција и многу држави.
Илинденското востание било кренето на 2 август 1903 година.По кревањето на Илинденското востание се формирале многу здруженија АСНОМ, НОВ, НОБ и друѓи. Македонија била една од земјите кои спаѓала во овие здруженија.

Македонија непокорлива ја прави народот затоа што во денешно време таа има големи недоразбирања со јужните соседи поради името, Но, македонската држава и македонскиот народ нема да дозволат да им го сменат името Македонијакој со години е така. Тоа ја прави Македонија како земја на непокорот.

Книгата е најголемиот пријател на човекот.Таа настанала со самата појава на човекот на земјата. Книгата настанала како резултат за да се откријат многу нешта, за да човекот стекне повеке знаења. Таа ни служи да дознаеме многу откритија за кои се интересираме.

Книгата ни дава голем број на знаења,. Преку книгата можеме да дознаеме многу  работи кои нема да ги науциме никогас, ниту пак ке ги дознаеме. Ако не се чита книги, човекот нема да има многу знаења. Книгата е важен документ од кој можеме да дознаеме многу нешта со што повеќе ќе си го збогатиме речникот.

Книгата е отворен прозорец кон светот, преку кој мозат да се прочитат и откријат многу интересни случки и настани. Секој човек треба да има однос со книгата. Од книгите дознаваме се, затоа треба да се читаат многу книги, бидејќи “Книгата е отворен прозорец кон светот”